Утрински Весник
Македонија

Во Скопје казнети 132 возачи, 36 од нив за брзо возење

59 санкционирани возачи на автопатот Гевгелија – Куманово

Вкупно 132 возачи биле казнети за непочитување на сообраќајните правила само на територијата на град Скопје, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од нив 36 казни биле изречени за брзо возење, шест за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

„Изречени се седум санкции за користење на мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас, три за минување на црвено светло, 33 за непрописно паркирани возила“, известуваат од МВР.

Според ресорното министерство, засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила .

Извор: Makfax

Можете да прочитате

МВР на SAHA Expo 2026: Потврдена стратешката соработка со турската полиција

Шокантни условни казни за трагедија со 63 жртви – семејствата бараат правда

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче под превезот на „проевропски курс“ ги прекриваат проруските врски и националните предавства