Утрински Весник
Македонија

Во Скопје казнети четири возила што вршат јавен превоз поради неисправност

Во Скопје казнети четири возила што вршат јавен превоз поради неисправност

Полициски службеници од СВР Скопје во координација со инспектори од Град Скопје, денеска (12.1.2022), од 8 до 14 часот спровеле акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници. При контролата биле откриени и санкционирани четири возила, од кои две биле со неисправни сопирачки, а едно со неисправен уред за управување. Тие веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание