Утрински Весник
Свет

Во САД стапи на сила наредбата на Бајден за вакцинација на вработените во поголемите компании

Во САД стапи на сила наредбата на Бајден за вакцинација на вработените во поголемите компании

Од денеска во САД е на сила наредбата на претседателот Џо Бајден, според која десетици милиони луѓе во компании со 100 или повеќе вработени мора да се вакцинираат против коронавирусот или да се тестираат на неделно ниво.

Службата за безбедност и здравје при работа соопшти дека компаниите кои нема да го почитуваат новото правило се соочуваат со казна од речиси 14.000 долари по лице.

Наредбата се однесува на околу 84 милиони работници во средни и големи компании, а се уште не е познато колку вработени веќе се вакцинирани, пренесува АП.

За околу 17 милиони вработени во старски домови, болници и други установи кои добиваат пари од здравствениот фонд ќе важат уште построги правила, според кои не се планира тестирање, туку сите ќе треба да се вакцинираат.

Вработените ќе можат да бараат ослободување од обврската поради здравствени или верски причини.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори