Утрински Весник
Македонија

Во Прилеп седум нови случаи на коронавирус и по еден во Долнени и Кривогаштани

Во Прилеп седум нови случаи на коронавирус и по еден во Долнени и Кривогаштани

Прилеп, 22 април 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска се регистрирани седум нови случаи на лица заболени од Ковид-19 и по еден случај во општините Долнени и Кривогаштани, соопштуваат од прилепската локална самоуправа.

Двајцата заболени од општините Долнени и Кривогаштани, се жители на населените места Заполжани и Боротино.

На Инфективното одделение во прилепската болница „Борка Талески“ моментално се хоспитализирани 19 лица позитивни на коронавирусот. Двајца од нив се на кислородна поддршка, а другите се со стабилна клиничка слика. Четири пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати;

Во самоизолација се наоѓаат 334 лица.

Со седумте новозаболени лица, во Прилеп вкупно се регистрирани 124 лица, а досега починаа три лица. Локалните власти вчера информираа дека излекувани се седум лица.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие, три лица не го почитувале полицискиот час и ќе им биде поднесена соодветна пријава. ем/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски од Делчево: Продолжуваме со кампањата што ја започнавме, со цел да бидеме во постојана комуникација со земјоделците 

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око

Развојна банка го прекршила правото на новинар, мора да ги открие фирмите кои земале државни кредити