Утрински Весник
Македонија

Во пожар во битолско изгоре 94-годишен старец

Во пожар во битолско изгоре 94-годишен старец

Деведесет и четиригодишен човек загина во пожар, што избувнал вчера во помошна просторија од куќа во битолското село Добрушево.

Инцидентот го пријавила неговата внука Ј.М.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Можете да прочитате

Голем пожар на македонско-косовската граница, чадот се шири кон Скопје

Уапсен возачот на Игор Јанушев, барал мито за вработување

ДУИ: Албанците секаде исклучени, ВЛЕН молчи