Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Мариупол веќе нема храна за децата, вели заменик градоначалникот

Во Мариупол веќе нема храна за децата, вели заменик градоначалникот
300x250 opst2

Заменик-градоначалникот на опколениот Мариупол, Сергеј Орлов, изјави за Би-Би-Си дека луѓето во градот почнуваат да умираат од глад и дехидрација бидејќи залихите на храна и вода се на многу ниско ниво, а хуманитарната помош не може да влезе во градот.

„Некои умираат од глад и дехидрација. Некои умираат од недостаток на лекови, инсулин… умираат затоа што не можат да стигнат до здравствена заштита“, рече Орлов.

„Некои мајки немаат млеко. Што да прават со бебињата? Не знам. Во цел град нема храна за децата“, рече заменик градоначалникот.

Орлов вели дека повеќето болници во градот биле уништени со „постојано бомбардирање и гранатирање“.

Комуникацијата во градот е отежната, телефонските мрежи работат наизменично. Жителите најголем дел од времето го поминуваат во засолништа и подруми без струја и вода.

„Луѓето се обидуваат да преживеат. Тие делат храна и вода, а на улиците се собира огревно дрво“, рече Орлов.

Во Мариупол има околу 100.000 луѓе. Сите обиди за масовна евакуација пропаднаа, иако во последните денови илјадници луѓе успеаја да го напуштат градот со приватни возила.

Можете да прочитате

Стоклунд: Со ЕЕС ќе спречиме терористи и мигранти илегално да влегуваат во Шенген зоната 

Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини

Најмалку 16 загинати во експлозијата во фабриката за воени експлозиви во Тенеси