Утрински Весник
Македонија

Во Македонска Каменица покрената граѓанска иницијатива за поголема социјална еднаквост

Во Македонска Каменица покрената граѓанска иницијатива за поголема социјална еднаквост
Screenshot

Македонска Каменица, 19 февруари 2020 (МИА) – Во рамки на фестивалот „Тру Саунд оф Каменица“ (True Sound of Kamenica), во Македонска Каменица започнува иницијативата „Обични луѓе, обични херои“. Примарна цел на активноста, како што информираат организаторите е создавање на фонд кој ќе се користи за помош на социјално ранливи категории на граѓани.
-Поголемиот дел од приходот од фестивалот во 2020 година ќе го искористиме за набавка на соодветна ИТ опрема за Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, како и за набавка на спортска опрема за детските категории во локалните спортски клубови. Целта е да дадеме своја поддршка во насока на подобра социјална еднаквост, велат организаторите.
Поддршка на иницијативата „Обични луѓе, обични херои“ како што додаваат, ќе биде побарана од сите компании. во Македонска Каменица
Ова не е прв пат организаторите да реализираат вакви активности. Претходно во соработка со фрнацуското здужение „Europ’Raid“ организирана беше солидарна акција, преку која беа обезбедени донации од училишен прибор и опрема за основното училиште и локалните спортски клубови во Македонска Каменица. вс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претседателката Сиљановска Давкова го прими британскиот амбасадор Метју Лосон

Петровска за „Фокус“: Размислувам да се кандидирам за претседател на СДСМ!

Пониски цени за нафтените деривати