Утрински Весник
Македонија

Во кичевското село Црвeвци, лебот се дели бесплатно во чест на месецот Рамазан

Во кичевското село Црвeвци, лебот се дели бесплатно во чест на месецот Рамазан

Кичево, 5 мај 2020 (МИА) – Во кичевското село Црвeвци, лебот на селаните се дели бесплатно во чест на месецот Рамазан.

Селото Црвевци се наоѓа на само пет километри на северниот дел од Кичево покрај локалната магистралата према Осломеј од левата страна и е едно од најубавите села во овој регион на Кичево, има околу 450 куќи, секоја поубава од другата и над 2 000 жители, но за жал над половина од жителите се во печалба.

Инфраструктурата во селото е добро уредена во секој аспект, поголемиот дел со сопствени средства, но еден дел е среден и од страна на локалните власти. Жителите на оваа село се и многу дарежливи и шеговити луѓе, но неспоредливи големи хуманисти .

Како што информираше сопственикот на едниот дуќан во селото, жител на ова село решил да го плати леб што ќе се потроши за време на светиот месец Рамазан, па така лебот на сите жители во селото секојдневно им се дели бесполатно и тоа не само во една продавница туку во сите три колку што ги има во селото. Тој рече дека донаторот сака да остане анонимен и затоа не можеме го објавуваме неговото име. рф/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес