Утрински Весник
Македонија

Во Кичево почнаа со работа поголем дел од угостителските објекти

Во Кичево почнаа со работа поголем дел од угостителските објекти

Кичево, 29 мај 2020 (МИА) – Кога и официјално дојде информацијата за отворање на угостителскте објекти кои ги исполнуваат условите според препораките на Владата, односно протоколот за работа, повеќето сопственици на локали веќе ги имаа подготвено своите објекти и спремни го дочекаа моментот за продолжување со работа.

Се изврши целосна дезинфекција на просторот, инвентарот и на амбалажата со која располагаат, еден дел од угостителите и ги реновираа своите угостителски капацитети и во ново руво ги дочекаа првите гости. Граѓаните, пак како и угостителите исто така со нетрпение го чекаа почетокот со работа на угостителските објекти во Кичево.

-Со овој протокол односно со овие услови, ние практично работиме со третина од капацитетот со кој располагаме, со овој обем на работа не можеме трошковите да ги подмириме па сега нам не ни преостанува ништо друго освен да се надеваме на подобри времиња, вели сопственик на угостителски објект лоциран на булевар „Ослободување” во Кичево. рз/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Награди од „Литера“ за Наталија Лукомска, Живко Грозданоски, Бранислав Николов и Иванка Ниба