Утрински Весник
Свет

Во Ирак голем број на самоубиства на помлади луѓе од 20 години

Во Ирак голем број на самоубиства на помлади луѓе од 20 години

Самоубиствата се во пораст во Ирак во 2021 година, а повеќе од 700 луѓе си го одзеле животот, од кои 36,6 отсто се на возраст под 20 години, според денешното соопштение на ирачките власти, јавува Анадолија.

Портпаролот на ирачкото Министерство за внатрешни работи, Калид Ал-Мухана, изјави дека оваа година се самоубиле 772 лица, наспроти 663 самоубиства во 2020 година.

Тој рече дека околу 36,6 отсто од оние кои извршиле самоубиство се помлади од 20 години, според државната новинска агенција ИНА.

„ Mажите учествуваа со 55,9 отсто од самоубиствата во 2021 година, жените со 44,1 отсто“, рече Ал-Мухана.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот