Утрински Весник
Свет

Вооружен маж е уапсен во близина на Виндзор, каде се наоѓа кралицата

Вооружен маж е уапсен во близина на Виндзор, каде се наоѓа кралицата

Британската полиција денеска соопшти дека уапсила 19-годишен маж поради загрозување на безбедноста на имотот на замокот Виндзор, каде што кралицата Елизабета го поминува Божиќ.

„Човекот е уапсен под сомнение дека провалил на заштитена локација и поседувал навредливо оружје. Тој во моментов е во притвор“, изјави началникот на полицијата, Ребека Миарс, пренесува „Ројтерс“.

Таа нагласи дека безбедносните процедури се започнати во моментот кога мажот влегол во имотот и не влегол во ниту една зграда, а за инцидентот биле информирани членовите на кралското семејство.

Кралицата Елизабета го поминува Божиќ во Виндзор, бидејќи одлучи да не престојува во Сандрингам, кралски имот во источна Англија, како што вообичаено правеше претходните години за празниците.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот