Утрински Весник
Свет

Во Индонезија се удавија 11 ученици за време на излет

Во Индонезија се удавија 11 ученици за време на излет

Единаесет ученици се удавија во река за време на училишно патување во индонезиската провинција Западна Јава, соопштија локалните власти.

Од група од 150 ученици, 21 од нив паднале во реката, а спасувачите успеале да извлечат 10.

Средношколците беа на екскурзија на која учествуваа во чистењето на брегот на реката.

Според медиумите, учениците не носеле елеци за спасување.

Можете да прочитате

МААЕ: Добивме информации за дрон кој удрил во лабораторија во нуклеарната централа Запорожје

Две третини од Американците веруваат дека земјата се движи во погрешна насока

ОПЕК се согласи на умерено зголемување на производството на нафта по излегувањето на ОАЕ