Утрински Весник
Македонија

Во возило кај Штип пронајдени 63 мигранти

Десет мигранти откриени во камион во Тетово

При преглед на возило кое се движело од Штип кон селото Кадрифаково биле пронајдени 63 мигранти.

Од МВР велат дека полициски службеници забележале товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки. Во еден момент возачот го запрел возилото и го напуштил местото.

Полициските службеници извршиле преглед на возилото, при што во просторот определен за товар биле затекнати 63 мигранти од кои 18 малолетни лица (62 лица биле од Авганистан и едно од Сомалија).

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола