Утрински Весник
Македонија

Во акумулацијата „Стрежево“ 80 милиони метри кубни вода

Во акумулацијата „Стрежево“ 80 милиони метри кубни вода

Битола, 5 мај 2020 (МИА) – Врнежите од дожд и снег значително ги зголемија количините на вода во акумулацијата „Стрежево“ со која стопанисува истоименото јавно претпријатие.

Генералниот директор на ЈП „Стрежево“- Битола Методија Граматковски изјави дека во моментов во акумулацијата има 80 милиони метри кубни вода, а тоа е повеќе од доволно за претстојната сезона за наводнување.

-Во акумулацијата ја собираме секоја капка вода, а благодарение на дождот и снегот кои паднаа во изминатиов период, создадени се услови за непречено снабдување со вода за наводнување на земјоделските површини, водоснабдување на РЕК Битола и други корисници на нашите услуги, посочи Граматковски.

Од ЈП „Стрежево“ информираат дека деновиве успешно ги решаваат и проблемите кои ги предизвикуваат рибокрадците и со ноќни ангажмани на рибочуварската служба одземени се недозволени риболовни средства, мрежи.

-Нашата рибочуварска служба заплени мрежи кај местото викано „Стрежевски залив“, локација меѓу рекреативната и забранетата зона за движење околу акумулацијата. Рибокрадство нема да толерираме, против затекнатите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, а запленетите мрежи ќе ги одземаме, нагласи Граматковски. мт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Институции и и фирми добиле налог дека мора да работат преку Алта банка

Средба на министерот Муцунски со специјалниот пратеник на МНР на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац