Утрински Весник
Магазин

Војводата од Сасекс сугерира дека Ковид-19 е како казна од мајката природа

Војводата од Сасекс сугерира дека Ковид-19 е како казна од мајката природа

Принцот Хари, Војводата од Сасекс, предизвика контроверзи со неговата сугестија дека Ковид-19 е казна од мајката природа, коментираат британски медиуми.

„Изгледа дека мајката природа нè испрати во нашите соби поради лошо однесување,“ рече принцот Хари во разговор со Елен Виндемут и Сем Сутарија од Ватербир, нова онлајн платформа која нуди бесплатна содржина од повеќе од 80 добротворни организации и невладини организации ширум светот.

Говорејќи за својата улога како претседател на „Африкански паркови“, принцот Хари нагласи: „Секоја капка дожд што паѓа од небото ѝ олеснува на пресушената земја. Што ако секој од нас е капка дожд? Што ако секој од нас се грижи? Ние се грижиме, ние мора да го правиме тоа, затоа што на крајот на денот, природата е нашиот извор на живот.“

„Престојот во природа лекува. Да се биде во природа е најлековит дел од животот.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Повардарие“ онлајн – Нови дигитални алатки за економски раст и регионална промоција обезбедени преку „ЕУ за општините“

Те убива истата досадна рутина? Овие мали промени ќе ти го подобрат денот

Диететичари: Ако сакате да доживеете сто години, избегнувајте четири видови храна