Утрински Весник
Македонија

Возач удрил во пешак и побегнал

Pees

Вчера во 19.15 часот било пријавено дека на бул.„8 Септември“ во Скопје патничко возило удрило во пешакот С.З.(52) од Скопје и го напуштило местото на незгодата. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ХАОС ВО КАЗИНО ВО БИТОЛА: Четворица се степале, нападнале и обезбедувач

НОВА ПОЛИЦИСКО-ОБВИНИТЕЛСКА АКЦИЈА: Приведувања и претреси за милионски злоупотреби во „Лотарија“

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година