Утрински Весник
Македонија

Возач на вилушкар се превртел на регионалниот пат Штип-Кочани

Прв несреќен случај при градежни работи во источниот регион

Штип, 6 април 2020 (МИА) – На регионалниот пат Штип-Кочани во штипското село Чардаклија на коловоната лента се превртел возач на машина вилушкар.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека станува збор за лице на возраст од 38 години, кое со тешки телесни повреди е хоспитализирано на штипската Клиничка болница.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека возачот е примен и по направените прегледи, поради тешките телесни повреди ќе биде транспортиран во Клинички ценатр-Скопје.

Несреќата во Полициска станица-Штип е пријавена во 12.10 часот. Сообраќајот на регионалниот пат Штип-Кочани се одвива нормално и во двете насоки. вдј/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание