Утрински Весник
Македонија

Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата

Запленет имотот на познат бизнисмен во Албанија поради соменение за трговија за дрога

Возач кој превезувал мигранти и еден патник се здобиле со прострелна рана во нозете додека возачот се обидувал да и побегне на полицијата.

Настанот се случи рано утрово на патот кај селото Кравари.

Според информациите од МВР, полициските службеници се обиделе да сопрат патничко возило со скопски регистарски ознаки, но возачот се обидел да ги прегази. Потоа, полицајците од огнено оружје испукале неколку истрели.

Набрзо возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот Ш.С., кој се здобил со две прострелни рани во нозете, додека во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во едната нога.

Повредените лица се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит

Притвор за 34-годишник од струмичко, се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна девојка

Тешто повредена малолетничка, ја удрил тротинет, а возачот побегнал