Утрински Весник
Свет

Воената морнарица потврди: Загинаа 53 членови на потонатата подморница

Воената морнарица потврди: Загинаа 53 членови на потонатата подморница

Индонезиската воена морнарица претходно соопшти дека верува дека подморницата потонала на длабочина од 600 до 700 метри што е поголем притисок отколку што може да го издржи трупот.

Денес  и официјално објави дека подморницата што исчезна пред неколку дена е потоната и дека 53-та члена на нејзиниот екипаж ги загубија животите, пренесе АП.

Началникот на Генералштабот Хади Јахјарто рече дека присуството на масло од перископ, како и делови во близина на местото каде последен пат нуркала морнарицата кај Бали, се јасен доказ дека таа е потоната.

Подморницата „КРИ Нангала 402“ исчезна без трага во средата рано наутро во близина на индонезискиот остров Бали, додека учествувала во воени вежби.
Претходно денеска надлежните изразија стравување дека пронајдените остатоци од исчезнатата подморница би можеле да укажуваат дека целата посада е загината.

Можете да прочитате

Над 240 случаи на Западнонилска треска во Европа

Трамп очекува конфликтот со Иран наскоро да заврши, Техеран вели дека американската дипломатија не успеала

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли