Утрински Весник
Македонија

Внук го пронашол деда си починат во неговиот дом

Внук го пронашол деда си починат во неговиот дом

Завчера околу 18.30 часот во СВР Скопје, Г.Р.(49) пријавил дека во куќа на ул.Бигла во сопственост на неговиот дедо В.Т.(74) од Скопје истиот го пронашол починат на подот во една од собите.

Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. За настанот е известен јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина и криминалистика на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија дел од голема меѓународна акција: Разбиена мрежа за интернет измами, седуммина уапсени

Над 5.000 корисници на социјална помош имаат сметки во Алта банка

Пет случаи на морбили во Македонија – Клековски предупредува на опасност од епидемија