Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се посрамоти со правно незнаење, одлуката за преименување на улиците е незаконита

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се посрамоти со правно незнаење, одлуката за преименување на улиците е незаконита
Ss2

Петре Шилегов силно манипулира и ја лаже јавноста кога тврди дека според законот најмалку шест месеци пред закажани избори и спроведување на попис може да има промена на имиња на улици, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Не знаеме кој закон го читал Шилегов, но важечкиот закон не вели така. Се моли Шилегов да научи правилно да чита закони, кои велат една година пред попис нема промена на имиња на улици. Поточно во членот осум стои – име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект не може да се промени шест месеца пред одржување на редовни претседателски, парламентарни и локални избори и ЕДНА ГОДИНА пред планиран попис на населението“, се нагласува во соопштението.

300x250 (7)

Од опозициската партија наласуваат дека Законот никаде не прави разлика помеѓу вонреден и редовен попис, а како што велат, секој попис и тој вонредниот е планиран согласно Закон каков што веќе постои.

Според Шилегов, пак, Законот се однесува на планиран односно редовен попис, а пописот одложен за во септември е вонреден и не е планиран.

„Освен тоа што е жално што адвокат како Шилегов се посрамоти поради правното незнаење, уште пожално е што турка на сила противправна одлука која ќе падне пред суд затоа што е незаконита“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт