Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Со Заев нема европска иднина, тој е главата на сите рекетарски мрежи

Заев: САД се нашиот најголем партнер во градењето на стабилна, демократска држава

Власта на Заев во овие три години чекори во тактот на криминалот, корупцијата и рекетот, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму порачуваат дека со Заев нема европска иднина за Македонија затоа што, како што велат, тој е заштитник на организираниот криминал и капо ди тути капи на сите рекетарски мрежи.

„Веќе е јасно како ден. Јавноста виде и слушна дека со правдата се тргувало во замена за милиони евра со амин на Заев. Милиони евра биле рекетирани и префрлани со торби, кои, според сведоштвото, завршувале кај Заев. Контроверзен проруски бизнисмен правел дилови со Владата на Заев и за таа цел исплатил 300 илјади евра. Ден Дончев е еден од првите соработници на Заев, кој го виде целата јавност како става снопчиња со пари во својата торба. Слушнавме сведоштво дека рекетари палеле возила на неистомисленици по наредба на Вице Заев. Слушнавме како се договарале трас-трас одлуки и како се диктирале решенија на истражните органи директно од страна на Заев“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека поради Заев, Македонија е хибриден режим и на врвот на листата по корупција.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека народот ќе го казни Заев на 15 јули.

„Обновата ќе значи европеизација на Македонија, напредок, но, пред сè, одговорност пред законите на сите, вклучително и за Зоран Заев“, порачуваат од партијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт