Утрински Весник
Македонија

Шекеринска од Охрид: Зборот е збор, немаме време за губење

Шекеринска од Охрид: Зборот е збор, немаме време за губење

Зборот е збор! Пред две ипол години ветивме членство во НАТО и тоа го испорачавме. За само две ипол години станавме членка на најмоќната воено-политичка алијанса , после 11 изгубени години, истакна носителката во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска од Охрид.

„Зборот е збор, истава година добивме почеток на преговори со ЕУ, после 11 изгубени години. За само две ипол години успеавме да станеме членка на НАТО, да почнеме преговори со ЕУ да ги зголемиме платите и пензиите три пати да ја покачиме социјалната помош и да ги враќаме парите кон граѓаните. За само две ипол години граѓаните повторно се слободни, а медиумите и критични и секогаш ослободени од притисок од власта.За само две ипол успеавме нашата држава од изолирана да ја направиме сигурна, членка на најмоќниот сојуз. Повеќе не сме сами ниту во добро ниту во лошо“, рече Шекеринска.

Таа нагласи дека останувањето дома на денот на гласањето, може да остане уште една неискористена шанса бидејќи со ВМРО-ДПМНЕ на власт Македонија во ЕУ нема никакви шанси.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Одѕивот на Претседателските избори во Амбасадата во Брисел до 17 часот 39 отсто  

Вкупно 165 болни и немоќни гласаа во Неготино

ВИКЕНДОТ ШТО ДОАЃА ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СВЕЖИ УТРА: Температурите ќе бидат потпросечни, а ќе се спуштат и до 3 степени