Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ќе изградиме автопат од Скопје преку Прилеп, Битола до јужната граница

Мицкоски: Ќе изградиме автопат од Скопје преку Прилеп, Битола до јужната граница
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Прилеп оствари средби со стопанствениците, на кои стана збор за проектите и содржината со фокус на економскиот дел од нивната програма. Тој вети дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши проблемот на граѓаните од Пелагонија, односно ќе го изгради автопатот од Скопје преку Прилеп, Битола до јужната граница.

Pet Utrinski

„Претставниците на компаниите ни ги презентираа нивните гледишта, анализиравме дел од политиките и предлозите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предлага во оваа изборна програма. Кои што понатаму ќе бидат дел од би рекол програмата на Владата. Пред се тука како главен адут го споменавме и автопатот кој што би се изградил од Скопје преку Прилеп, Битола до границата со нашиот јужен сосед. Нешто што е дамнешна желба на жителите на Пелагонискиот крај, на Прилепчани но и на останатите. Цениме дека овој инфраструктурен проект многу ќе го подобри квалитетот на живот, ќе ја подобри комуникацијата и условите на бизнис заедницата овде од Прилеп и Пелагонија во целост. Потоа зборувавме за политиките во делот на земјоделието со акцент на тутунот и тутунопроизводителите. Зборувавме и за реформите во делот на образованието, администрацијата, дигитализацијата, фискалната политика, поддршката. Така што ценам дека имавме навистина корисна средба, средба на која што ние можевме да се презентираме и да имаме определена интеракција со стопанствениците од овде, од градот Прилеп“, рече Мицкоски.

Screenshot

Запрашан за очекувањата за излезноста на изборите, Мицкоски истакна дека очекува помала излезност за разлика од други години, но верува дека сепак, таа ќе изнесува над 45 проценти.

„Ценам дека излезноста ќе биде помала од вообичаената, како што сме навикнати во минатите години. Не очекувам дека ќе се реализираат оние сценарија и предвидувања од минатото дека ќе биде многу ниска, која што ќе се движи меѓу 40-45%. Ценам дека ќе биде повисока од таа. Можеби нема да стигнеме бројка како што беше тоа во минатото 65-67%, но ценам дека ќе биде кредибилна за да идната влада веднаш уште од првиот ден која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ се зафати со структурни реформи и излез од моменталната ситуација во која што се наоѓаме“, истакна Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија