Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Нека го завршат СДСМ автопатот Кичево – Охрид, па нека кажат и дека е нивен проект

Нека го завршат СДСМ автопатот Кичево – Охрид, па нека кажат и дека е нивен проект, ако тоа им ја намалува фрустрацијата, но народот тешко дека ќе им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија оценуваат дека се гледа голема фрустрација во соопштенијата на СДСМ, за која како што наведуваат е пропратена со страв дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат со темпо кое владата никако не може да го следи, иако имаат 1.000 пати поголем буџет.

„ВМРО-ДПМНЕ го разбира немирот во СДСМ, па еве доколку тоа им значи да кажат дека нешто е нивен проект, нека го завршат автопатот Кичево – Охрид, може и Клиничката болница во Штип, Клиничкиот центар во Скопје, гасификацијата, нека завршат се што е почнато од ВМРО-ДПМНЕ уште пред пет години, и нека речат дека е нивен проект, само нека не крадат“ е посочено во нивната писмена реакција.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од оваа партија, не ги дели ниту граѓаните, ниту проектите.

„Партиите кои се на власт менаџираат народни пари и треба да испорачаат резултат. Тоа што СДСМ нема направено ништо и се е во застој не е вина на ВМРО-ДПМНЕ, а нема ниту како да им помогнеме, зошто ќе трева да не се работи ништо, за да не им се буди немир. Но еве нека стегнат заби, наскоро ќе има предвремени парламентарни избори кои ќе ги изгубат, па тогаш нема да имаат фрустрација и потреба да пишуваат соопштенија за тоа кој чиј проект е, туку ќе треба пред институциите да одговорат колку народни пари имаат украдено, и за тоа да одговараат“, се потенцира во нивното соопштение.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт