Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Иднината на Европа зависи од следните чекори на Унијата

Ss2

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес учествуше на панел дискусијата „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето“, на која рече дека Северна Македонија постојано докажува дека е искрен и доверлив партнер на Унијата и дека одамна ја има надминато стратешката крстосница.

„Постојано докажуваме дека сме искрен и доверлив партнер на Унијата и цврсто чекориме кон реализација на целите, со целосен фокус и посветеност на реформите за да го скратиме периодот на постигнување европски квалитет на живот, што е најмоќната инспирација за граѓаните кои не поддржуваат. Затоа очекуваме државите членки на Унијата, да ја приспособат оптиката на реалноста и да одговорат на денешните предизвици, од кои ќе зависи и иднината на Европа“, кажа Маричиќ.

300x250 (7)

Истакна дека дилемата за иднината на Европа стана прашање во јавниот дискурс по стагнацијата на проширувањето на Унијата и со почетокот на војната во Украина, но дека за него нема дилеми.

„Иднината на Европа е сигурна само доколку перспективата е заедничка, обединета и со Западен Балкан во неа. Останува да се чуе гласот на Унијата, истата да ги направи нашите цели остварливи со лидерски чекор за старт на преговорите, за да обезбедиме подинамичен развој и да го направиме европскиот квалитет на живот јасно остварлив за граѓаните на Северна Македонија“, истакна Маричиќ.

За односите со Бугарија вицепремиерот рече дека стратешко долгорочно пријателство се гради постојано, дека лесно се рушат мостови, но тешко и долго се градат.

„Ние покажавме дека знаеме да градиме мостови со соседите и да подадеме рака. Денес бугарските власти имаат историска можност да подадат рака да изградиме мост на доверба и пријателство. Први соседи сме, сојузници сме во НАТО, ќе бидеме заедно и во ЕУ“, додаде Маричиќ.

Ss1

Можете да прочитате

Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт