Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го прифатил францускиот предлог, неговите коалициски партнери мора да му се спротивстават

Коалициските партнери во Владата на СДСМ и ДУИ да го отфрлат предлогот од Париз, во спротивно се соучесници на Ковачевски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ДОМ, ДП, Партијата на пензионери, ВМРО НП и другите коалициски партнери во власта на СДСМ и ДУИ веднаш да излезат и да го отфрлат предлогот од Париз.

Доколку тие излезат и го отфрлат предлогот и му свртат грб на Ковачевски, тој ќе нема друг избор освен и самиот да го отфрли, иако веќе го одобрил и прифатил, пред тој да биде пуштен официјално во јавност“, се наведува во партиската реакција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, доколку партиите од коалицијата на Ковачевски и Ахмети им свртат грб сега, тие нема да можат да направат ништо во однос на предлогот, зошто нема да имаат ниту мнозинство од 61 пратеник.

Можете да прочитате

Откриена спомен биста на Махатма Ганди во Скопје, траен симбол на вредностите што ги обединуваат двата народа

Европа и САД ги забрзуваат инвестициите во критичните минерали, Иловица сè уште чека реализација

Андоновски: Со поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–ОН ќе го унапредуваме Централниот регистар на население