Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ склучила 811 договори на дело во Тетово, во услови кога општината е задолжена

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ склучила 811 договори на дело во Тетово, во услови кога општината е задолжена

СДСМ и ДУИ се одлично уиграни кога се работи за злоупотреби и трошење на народни за партиски и лични интереси. Ако не е некоја злоупотреба со наместен тендер, тогаш тоа е оптеретување на општинскиот буџет со голем број договори на дело, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ За тоа како функционираат општините под власта на ДУИ и СДСМ показател е последниот случај со општина Тетово. Општина Тетово во 2021 година под раководство на Теута Арифи од ДУИ/СДСМ, склучила дури 811 договори на дело. Веројатно олку голем број вака ангажирани лица нема ни во Берлин или Париз, ама затоа една од најзадолжените општини во Македонија ангажирала лица под договор на дело и покрај тоа што во општината има превработеност.

Општината Тетово наместо за проекти во интерес на граѓаните одвојувала месечно по 5000 до 25.000 денари по човек, за кои нема информација какви ангажмани имале. Во исто време кога во Тетово нема вода, кога не се собира сметот, кога нема асфалтирање на улици, изградби на градинки и училишта да се трошат милиони годишно за спорни договори на дело е крајно недомаќински и неодговорно.

Но тоа е матрицата на ДУИ и на СДСМ. Тие го гледаат буџетот како извор за задоволување на партиските интереси и лично богатење, на сметка на грбот на народот“ велат од партијата.

Можете да прочитате

Два активни пожари во Скопје, едниот во Брњарци, другиот во Волково

СВР Битола уапси две лица за подметнување пожари на отворен простор

Левица: ДПМНЕ има повеќе советници за млади и демографија отколку какви било резултати – училиштата им се празнат оред очи