Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата планира долгот да го качи на 9 милијарди евра следните години

ВМРО-ДПМНЕ: Владата планира долгот да го качи на 9 милијарди евра следните години

„Владата планира да го качи јавниот долг 9 милијарди евра. Според Стратегијата за управување со јавниот долг на Министерството за финансии, Заев, Ахмети и Бесими планираат нето-долгот да го зголемуваат за нето-сума (чист долг без отплати) од половина милијарда евра годишно. За да го постигнат ова што го смислиле, ќе користат и нови инструменти за задолжување, како „зелени обврзници“, кои ги споменуваат во Стратегијата.

Она што е најтрагично/најиритантно во целата работа е дека е ова е дури „најрозовото сценарио“. Ова е нереалната „најповолна опција“, која реално ќе биде многу полоша – имајќи ја предвид растрошната природа на оваа влада и нејзината економска неспособност.

Имено, владата го планира ова задолжување врз основа на проектирани стапки на континуиран повеќегодишен раст од 5% раст и повеќе од БДП – стапки кои реално нема капацитет да ги постигне, за што сведочат низа извештаи од меѓународни финансиски институции и кредитни агенции, кои лимитот за економскиот раст на економијата на Република Македонија на среден рок го сетираат на 3%.

Исто така, Влада го проектира овој долг врз нереално ниски буџетски дефицити – разликата на приходи и расходите во буџетот, кои треба да се покријат со задолжување. Реално, планот е да се дуплираат дефицитите, како што се случи и со овогодишениот ребаланс. Ова значи нови стотици милиони евра задолжувања.

Согласно агендата на Владата, во следните неколку години долгот ќе се дуплира и во апсолутен износ и како процент на БДП. Парите како и досега, ќе се трошат на луксузирање и остварување на партиската агенда на СДСМ и ДУИ“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со туѓи резултати, а економијата тоне

Мазутот бил со соодветен квалитет, РКМ им заштедило на граѓаните милиони кои би ги платиле со повисоки сметки за струја!

Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство