Утрински Весник
Свет

Влијателен ултраортодоксен рабин: Арапите ќе бидат подобри коалициски партнери од израелската левица

Влијателен ултраортодоксен рабин: Арапите ќе бидат подобри коалициски партнери од израелската левица

Висок харедски рабин, наводно, дал поддршка за потенцијалниот сојуз на израелската влада со партијата Обединета арапска листа, која сега стана потенцијален клучен фактор по неизвесните избори во Израел во март, пренесува РТ.

Хаим Каниевски (93), кој се смета за водечки авторитет во еврејската ортодоксна заедница, одговори потврдно на прашањето на израелскиот медиум „Њуз 12“ за можноста израелските десничари да формираат коалиција со израелските арапски партии.

Влијателниот рабин и духовен водач на партијата „Обединет Тора јудаизам“ истакна дека ултраортодоксните и арапските заедници се многу слични на повеќе начини.

„Поверојатно е дека Арапските партии ќе најдат заеднички јазик со религиозните Израелци за прашања како што се секуларизацијата и семејните вредности, што ќе ги направи подобар сојузник во зачувување на еврејската традиција отколку левичарските политички сили на земјата,“ наводно рекол Каниевски.

Четвртите по ред избори за само две години се одржаа во Израел на 23 март, но не успеаја да го надминат политичкиот ќорсокак во земјата.

Според неодамнешното истражување на „Канал 13“, 80 отсто од гласачите не биле задоволни.

Ниту еврејските десничарски и религиозни партии кои го поддржуваат Бенјамин Нетанјаху, ниту блокот од шест центристички и левичарски партии кои сакаат долгогодишниот премиер да биде симнат од власт, не успеаја да освојат доволно места во Кнесет за да формираат стабилна владејачка коалиција.

Ситуацијата значи дека четирите места за кои се бори пропалестинската Обединета арапска листа (УАЛ или Ра’ам) може да се покажат клучни во промената на рамнотежата во корист на еден од блоковите. Но, лидерот на УАЛ, Мансур Абас, се чини дека не брза да избере помеѓу Нетанјаху и оние кои стојат зад неговиот главен ривал, Јаир Лапид.

„Не исклучувам ништо. Подавам рака за да создадам можност за заеднички живот во оваа земја која е света и благословена за децата од трите вери и двата народа “, рече Абас, обраќајќи им се и на десничарската и на левичарската израелска партија.

Коментарите на лидерот на УАЛ значат значаен напредок затоа што израелските арапските партии традиционално одбиваат воопшто да соработуваат со еврејските политички сили поради палестинското прашање.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина