Утрински Весник
Македонија

Владата одобри влез и престој на странски вооружени сили

Владата одобри влез и престој на странски вооружени сили

Владата донесе одлука за одобрување на влез и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Swift Response – 22“.

Со оваа одлука Владата ги задолжи надлежните институции да преземат мерки за непречено преминување на државната граница на повеќе од 850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на вооружените сили на странските држави, на територијата на Република Северна Македонија.

Вежбата „Swift Response – 22“ е дел од вежбата „DEFENDER EUROPE 22“, со учество на поголем број припадници на армиите од НАТО Алијансата и Партнерството за мир, и ќе се изведува истовремено на 5 локации низ Европа.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание