Утрински Весник
Спорт

Винисиус одбил неверојатна понуда од ПСЖ

Фудбалерот на Реал, бразилскиот репрезентативец Винисиус одбил неверојатна понуда кариерата да ја продолжи во ПСЖ. „Марка“, тврди дека ПСЖ му нуделе нето пата во износ од 40 милиони евра.

Шпанскиот весник тврди дека обидот да го „украдат“ Винисиус од Реал, дополнително ги искомплицирала односите меѓу двата клуба, бидејќи Реал и ПСЖ веќе „војувале“ околу Килијан Мбапе, кој на крајот останал во Париз.

„Марка“ наведува дека ПСЖ од ноември 2021 година до март 2022 година вршел притисок врз бразилскиот фудбалер и побарал од Винисиус да не го продолжува договорот со „кралскиот клуб“, кој му истекува во јуни 2024 година.

ПСЖ наводно му ветил на Бразилецот годишна плата од дури 40 милиони евра, огромен бонус само за потпишувањето на договорот, но и помош за започнување бизнис во Катар, како и разни други привилегии кои би ги имал во францускиот клуб.

Винисиус моментално во Реал заработува околу 3,5 милиони евра годишно. Тој во моментов преговара со челниците на мадридскиот клуб за нов договор, според кој би заработувал околу 10 милиони евра по сезона.

Винисиус (21) е член на Реал Мадрид од 2018 година. Тој го постигна единствениот гол во победата на Реал над Ливерпул во овогодинешното финале на Лигата на шампионите.

> Винисиус одбил неверојатна понуда од ПСЖ <

Можете да прочитате

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви

Алегри експресно е казнет за циркусот кој го приреди во финалето од Купот на Италија

Е.Пелистер многу потешко го совлада Тиквеш и избори очеклувано финале во Купот на Македонија