Утрински Весник
Спорт

Челси се заинтересирани за двајца играчи на Сити

300x250 (7)

Томас Тухел мора да го засили Челси во актуелниот преоден рок. Англиските медиуми пишуваат дека Челзи во тишина работи на трансферите на двајца фудбалери на Манчестер сити, Рахим Стерлинг и Нејтан Аке. Минатата сезона, овие двајца беа во втор план кај Пеп Гвардиола.

Аке веќе беше во Челзи, практично порасна во него, но отиде на позајмица во Ридинг, Ватфорд, Бурнмаут, кои потоа го купија. Добрите игри во дресот на Борнмут го принудија Пеп Гвардиола да го купи пред две години за 45 милиони евра. Сепак, Аке не игра многу во конкуренција на Лапорт, Дијаз и Стоунс, па не е исклучено Сити да се решат да го продадат.

300x250 (7)

Слична е ситуацијата и со Рахим Стерлинг, кој беше резерва на крајот од сезоната. Тој влегува во последната година од договорот, се уште нема потпишано нов и не е исклучено да замине.

Џанлука Ди Марсио пишува дека Стерлинг сега е приоритет на Тухел, пред Осман Дембеле, бидејќи Челзи се плаши од честите повреди на францускиот офанзивец.

> Челси се заинтересирани за двајца играчи на Сити <

Ss1

Можете да прочитате

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот