Утрински Весник
Магазин

(Видео) „AББА“ навестува нов распад: „Овој пат е дефинитивно крај“

(Видео) „AББА“ навестува нов распад: „Овој пат е дефинитивно крај“

И покрај новиот албум и претстојната турнеја, легендарниот шведски бенд „АББA“ најави дека ќе се распушти.

„Тоа е тоа“, изјави за „Гардијан“ членот на бендот Бени Андерсон (74).

„Овој, втор распад, е различен од оној што се случи во 1982 година. Тогаш не реков дека АББА никогаш повеќе нема да се случи. Но сега можам да ви кажам: овој пат е дефинитивно крајот“, додаде тој.

Сепак, светот има уште што да очекува бидејќи нивниот нов албум со 10 песни, Voyage, ќе биде објавен на 5 ноември, а во продажба се и билетите за придружната турнеја со истото име, која започнува во 2022 година.

Најавија и настапи со виртуелна презентација на свои ликови, таканаречените Абатари.

Новата песна Don’t Shut Me Down е веќе преслушана повеќе од 25 милиони пати на „Спотифај“, а I Still Have Faith in You повеќе од 15 милиони пати.

Големите хитови како Dancing Queen, Gimme! Gimme! Gimme! и Mamma Mia имаат деветцифрен број на слушатели на стриминг-платформите. Уште еден доказ дека песните на шведската супергрупа не излегуваат од мода.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 27 април 2026 година

Овие хороскопски знаци страдаат во тишина, но никој не забележува

ChatGPT, Gemini, DeepSeek… која вештачка интелигенција халуцинира најмногу?