Утрински Весник
Свет

(Видео) Јахта долга 40 метри потона во близина на Италија

Јахта долга 40 метри потона во Средоземното Море. Овој немил настан се случил во Италија на околу 15 километри од градот Катанзаро.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа моментот кога јахтата потонува во морето.

На јахтата имало девет лица, пет членови на екипажот и четворица патници. Овој брод патувал од Галиполи до Милаца кога потонал.

За среќа, италијанската крајбрежна стража ги спаси сите девет лица.

Засега не е позната причината за потонувањето и се уште се истражува.

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја