Утрински Весник
Свет

САД: Русија подготвува напад врз цивилната инфраструктура во Украина

САД имаат разузнавачки информации дека Русија наскоро планира нови напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти, изјави претставник на американската администрација за Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

„Имаме информации дека Русија ги засилува подготовките и ќе изврши напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти во наредните денови. Имајќи ги предвид резултатите на Русија во Украина, загрижени сме поради континуираната закана што руските напади ја претставуваат за цивилите и цивилната инфраструктура, рече функционеротот кој сакаше да остане анонимен.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик