Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шекеринска: Курбиново е силен печат на македонскиот идентитет

(Видео) Шекеринска: Курбиново е силен печат на македонскиот идентитет

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска беше во работна посета на Курбиново, каде што во тек се интензивни конзерваторски зафати.

„Курбиново беше болната точка на нашата држава. Додека се трошеа парите на граѓаните на безвреден стиропор и споменици, нашиот вистински споменик на културата, традицијата и македонското средновековно сликарство, црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново која опстојува 9 века, беше на работ на уништувањето. Додека целиот свет се восхитуваше на црквата во Курбиново, на фреската Ангелот од Курбиново, на фреската која е на банкнотата од 50 денари, додека се пишуваа книги и научни статии за нивната оригинална вредност, влагата го подјадуваше фрескоживописот и црквата чекаше подобри времиња“, рече Шекеринска.

Таа кажа дека сега започнале темелни конзерваторски зафати на средновековната црква во Курбиново.

„Милиони евра беа фрлени на стиропор, ниту денар за Курбиново. Милиони, пари на граѓаните, беа фрлени во ветер, ниту денар во македонското автентично културно наследство. Тоа време заврши. Ја вративме државата на вистинскиот пат, ја поврзавме со светот, ги вративме парите на граѓаните и го зачувавме идентитетот. Курбиново е силен печат на македонскиот идентитет, а грижата за него е силен доказ за вистинскиот автентичен патриотизам“, изјави министерката.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Жена од Кочани измамила тетовец, му ветувала странски документи

167 санкционирани возачи во Скопје

Вечерва уапсени се лица поврзани со убиството на докторот во Железара