Утрински Весник
Македонија

(Видео) Царовска на трибина во Кочани: ВМРО-ДПМНЕ се против граѓаните, знаат само за бојкот и протест

(Видео) Царовска на трибина во Кочани: ВМРО-ДПМНЕ се против граѓаните, знаат само за бојкот и протест

ВМРО-ДПМНЕ, со сето она што го прави е против граѓаните и нивните интереси, истакна потпретседателката Мила Царовска на денешната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Кочани.

„Не може некој што го блокира Законот за Клинички центар, Законот за наставници, ќе го блокира законот за покачување на плати и усогласување на минималната плата, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, да се нарекува патриот. Единствено за што знаат ВМРО-ДПМНЕ е бојкот и протест затоа што немаат никаква друга визија. Не е возможно некој кој е против здравство, против социјална заштита, против образование, да биде за граѓаните, не, ВМРО-ДПМНЕ е против граѓаните, порача Царовска пред граѓаните на Кочани.

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила