Утрински Весник
Култура

(Видео) Хопкинс влезе во историјата на Оскарите, најстар оскаровец досега

(Видео) Хопкинс влезе во историјата на Оскарите, најстар оскаровец досега
Ss2

Триесет години откако беше награден со Оскар за улогата на Ханибал Лектор во трилерот „Кога јагнињата ќе стивнат“, сер Ентони Хопкинс ја доби втората статуетка за најдобра главна машка улога – за улогата во „Таткото“.

Хопкинс со тоа стана најстариот оскаровец на 83-годишна возраст.

300x250 (7)

Ентони Хопкинс ја доби наградата за најдобар актер за маестралната улога на човек кој страда од деменција во филмот „Таткото“.

Неговата победа беше најголемото изненадување на церемонијата. Се очекуваше Чадвик Бозман, кој почина на 43-годишна возраст минатиот август, да го освои Оскарот за најдобра машка улога во филмот „Црното дно на Ма Рајни“.

Можеби беше изненадување за самиот Хопкинс, кој не беше ниту во Лос Анџелес, ниту во Британскиот филмски институт во Лондон, каде што церемонијата беше следена во Велика Британија.

Се верува дека актерот бил во родниот Велс и немало можност тој да се појави преку апликацијата „Зум“.

Филмот „Татко“ ја доби и наградата за најдобро адаптирано сценарио – сер Кристофер Хамптон и Флоријан Зелер.

Тие го нарекоа Хопкинс најголемиот жив актер.

Текстот (Видео) Хопкинс влезе во историјата на Оскарите, најстар оскаровец досега е превземен од МАКФАКС.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“