Утрински Весник
Свет

Во Србија две дози вакцина примиле над 1,2 милиони луѓе

Во Србија две дози вакцина примиле над 1,2 милиони луѓе

Во Србија досега се дадени околу 3,2 милиони дози вакцина против коронавирус, а двете дози ги добиле над 1.292.800 граѓани. Во Белград се дадени милион дози вакцина, јавија спрските медиуми.

Српските граѓани во следните неколку дена може да се вакцинираат без закажување со вакцините „спутник В“ и „Фајзер“, а од утре и со кинеската „Синофарм“.

Епидемиологот Предраг Кон рече дека рестриктивните мерки против коронавирусот даваат резултати во Србија, но дека единствениот излез е масовната вакцинација.

Од почетокот на пандемијата во Србија досега се тестирани 3.775.363 лица, регистрирани се 679.677 случаи, а починаа 6.227 лица.

Можете да прочитате

Нови масовни протести во Франција

Протести во над 30 града во Португалија поради станбената криза

Зеленски: Ни понудија членство во НАТО, ако се откажеме од Донбас