Утрински Весник
Свет

(Видео) Украински функционер: Не го ракетиравме Белгород

(Видео) Украински функционер: Не го ракетиравме Белгород

Украинскиот висок безбедносен функционер ги отфрли обвинувањата на Русија дека Украина стои зад нападот на складиштето за нафта во рускиот град Белгород.

Во говорот на националната телевизија, секретарот на Советот за безбедност Олексеј Данилов ги негираше руските обвинувања, пренесува Ројтерс.

„Поради некоја причина тврдат дека сме го направиле тоа, но според нашите информации тоа не соодветствува со фактите“, кажал Данилов.

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков, меѓутоа, претходно изјавил дека пожарот, кој избувна во складиште за нафта во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина, бил предизвикан од воздушни напади на два украински хеликоптери кои влегле во рускиот воздушен простор, пренесоа медиумите во светот.

Можете да прочитате

Русија прогласи примирје поради воената парада

Зеленски: Русија е во фаза каде што нивната главна парада зависи од нас

Украинците уништија руски ракетен брод