Утрински Весник
Економија

(Видео) Тасевска: Предвремена исплата и на мајските пензии со дополнителни 1.000 денари како помош за пензионерите

Владата предводена од СДСМ на дело покажува вистинска грижа за пензионерите. Од денеска започнува етапната исплата за мајските пензии за близу 330.000 пензионери, изјави на денешната прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Таа додаде дека и овој месец на сите пензионери ќе им бидат исплатени дополнителни 1.000 денари како помош во справување со последиците од кризата.

Одговорните политики на СДСМ обезбедија стабилност на пензискиот фонд, континуиран раст на пензиите и нивна предвремена исплата и во време на најголема светска економска криза.

Тасевска истакна дека преку отворен, инклузивен процес на преговори со здруженијата на пензионери, договорена е нова методологија која ќе обезбеди рекордно зголемување на пензиите од месец септември оваа година.

Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ во континуитет покажуваат вистинска грижа за сите категории граѓани.

И во време на светска економска криза, продолжуваме со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат раст на платите и пензиите, заштита и унапредување на животниот стандард на граѓаните, изјави Тасевска.

Можете да прочитате

Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски, повратот на ДДВ кон компаниите е поголем за 4,7 отсто во споредба со лани

ЛДП: Народната банка и гувернерот признаа дека банкарските провизии се превисоки