Утрински Весник
Економија

(Видео) Тасевска: Каматата веќе не смее да биде повисока од долгот

(Видео) Тасевска: Каматата веќе не смее да биде повисока од долгот

По предлог на парламентарното мнозинство од СДСМ, Собранието ги усвои дополнувањата на Законот за облигациони односи, информираше на прес-конференција, пратеничката од редовите на СДСМ, Лидија Тасевска.

Со ова, рече таа, исправивме уште една голема неправда кон граѓаните и компаниите.

Дополнувањата на Законот, кои во сила стапуваат веќе следниот месец, според Тасевска, одредуваат каматата на неплатениот долг да престане да расте кога ќе го достигне износот на главнината, односно каматата повеќе не смее да биде повисока од износот на долгот.

„Тоа значи дека ако одреден граѓанин или фирма имале долг од пред десеттина години, на сума од 1.000 денари, каматите што му се трупале со години и кои на крајот ќе треба да ги плати, нема да бидат повисоки од 1.000 денари. Со овие измени, ставаме на крај на ситуациите кога за долг од на пример 500 денари должникот мораше да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати. Законското решение ќе важи за сите, и за граѓаните, и за компаниите, и ќе се однесува на долгови од секаков карактер, на пример за застарени сметки за струја, вода, телекомуникациски услуги, обврски кон банки и слично“, обајсни пратеничката на СДСМ.

Можете да прочитате

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден