Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Имам чувство на гадење од изјавите на Заев кој настапува во стил „функцијата – тоа сум јас“

(Видео) Мицкоски: Имам чувство на гадење од изјавите на Заев кој настапува во стил „функцијата – тоа сум јас“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по посетата на семејство од селото Нераште, погодено од несреќата во ковид-болницата во Тетово, а во врска со денешната изјава на премиерот, Зоран Заев, дека не планира да дава оставка по трагедијата, истакна дека Заев ја интерпретира функцијата премиер што, како што рече, во услови на загинати невини луѓе е тажно и жално.

„Кога човек ќе се поистовети со функцијата и кога себеси ќе се интерпретира како ‘функцијата – тоа сум јас’, во услови кога невини човечки животи згаснаа е тажно и е жално. Доколку тој човек не чувствува никаква морална одговорност и тоа се обиде да го интерпретира дека ако тој заминел, Мицкоски ќе бил премиер, тогаш освен она благо чувство на гадење кое во овој момент го имам, друго немам ништо да кажам“, рече Мицкоски во врска со ијавата на премиерот.

Заев, денеска на прашање дали размислувал да си поднесе оставка од морални причини, поради пожарот во болницата, одговори:

„За што, Мицкоски да дојде премиер да биде?! Не, не размислував. Затоа што Мицкоски ќе биде премиер или заменик премиер претседателот на Алијанса, Зијадин Села, кога ќе заслужат. Кога ќе имаат емпатија со народот“, порача премиерот.

Можете да прочитате

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик