Утрински Весник
Македонија

(Видео) Спасовски: Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор

(Видео) Спасовски: Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор

„Градиме рамномерно насекаде и во градските и во руралните средини, со што градиме Македонија за сите.Ја чистиме калта што ја остави режимот кој градеше со мермер во своите бели дворци, а за потребите на граѓаните употребуваше стиропор.Ние градиме и рамномерно и по квалитетни европски стандарди.И тоа е логично, затоа што тие меѓународно ја изолираа земјата да крадат, а ние ги обновивме партнерствата со меѓународната заедница, станавме членка на НАТО и отвораме преговори со ЕУ и во нашата држава да ја градиме Европа – дома“, изјави Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2.

Според него, во нашата држава го враќаат достоинството на граѓаните со модерна инфраструктура.

„Овде во Ѓорче Петров немаше фекална канализација во Волково, Стопански Двор и Кисела Јабукa – ја поставивме. Вложени се 15 милиони 826 илјади денари. Се гради водоводна мрежа во руралниот дел на Никиштани.Изградивме водоводна мрежа во Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука.Во тек се 4 проекти: изградба на атмосферска канализација за ул.Радушка-Општина Ѓорче Петров, завршување на фекалната канализација и приклучоци на сите куќи во Волково, фекална канализација во Орман и пречистителна станица, за што е веќе готова проектната документација. Работиме на регулација на атмосферската и на фекалната канализација во Хром, на канализација и асфалтирање преку пругата Дексион.

Ние почитувани граѓани поврзуваме.Ги поврзуваме селата со градовите. Се поврзуваме со соседите и регионот. Градиме и автопати и отвораме гранични премини.Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 километри водоводи и канализации.Обнова на режимот е опасност и не ни е потребна. Веќе три години ја обновуваме државата што регионот веќе ја препознава како европски пример.За да продолжиме да градиме сигурна иднина, заедно, на 15 јули избираме број три, бидејќи можеме и повеќе и подобро“, додаде тој.

Текстот (Видео) Спасовски: Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Мој ДДВ” не работи затоа што нема пари во буџетот, велат од СДСМ

Прво роденнден на партијата, па владина реконструкција, најави Мицкоски

Возач од Батинци „летал“ со 244 км/час на автопат