Утрински Весник
Свет

(Видео) Се продлабочува политичката криза во Бугарија – судири меѓу демонстрантите и полицијата

(Видео) Ескалираа протестите во Бугарија, демонстрантите 56 дена бараат оставка од Борисов

Протестите во Бугарија поради раширената корупција ескалираа во судири со полицијата кај зградата на Парламентот, кој пак треба да започне расправа за нов состав.

Опозицијата и демонстрантите ја одбиваат расправата сметајќи дека тоа е план на премиерот Бојко Борисов да купи време и да го продолжи својот опстанок на власт, пренесе Радио Слободна Европа.

Илјада Бугари се собраа во средата пред Парламентот на најголем протест во изминатите два месеци демонстрации на кои се бара оставка од премиерот Борисов.

Во вечерните часови пораснаа тензиите и демонстрантите фрлија над 100 димни бомби и петарди кон полицијата, која пак пред Парламентот донесе водени топови.

Во немирите најмалку 55 луѓе се повредени, а речиси 100 се приведени во Софија, пренесе Франс прес.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ја повика Владата да се повлече, пренесувајќи го барањето на демонстрантите кои бараат оставка од премиерот Борисов и од главниот обвинител поради наводи дека дозволиле мафија на олигарси да ја контролира земјата.

Во неговиот говор пред пратениците, Радев порача дека оставката на Борисов и неговиот кабинет е единствен излез од политичките немири.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија