Утрински Весник
Македонија

Царовска се сретна со студентите: Младите се наш важен партнер во создавањето на успешни политики

Царовска се сретна со студентите: Младите се наш важен партнер во создавањето на успешни политики

Министерката за образование и наука Мила Царовска, се сретна со претставници на Универзитетско – студентските собранија. На состанокот се разговараше за сите прашања кои се поврзани со младите и нивното квалитетно образование, но и за зајакнување на соработката помеѓу МОН и собранието на студентите, како и воопшто со сите млади во државата.

Царовска истакна дека студените и младите ќе бидат еден од клучните партнери на министерството во креирањето на успешни политики со кои ќе создадеме современо и квалитетно образование, но и ќе работиме на подобрување на младинскиот живот и стандард.

Претставниците на собранијата истакнаа дека соработката е добредојдена и очекуваат активно вклучување на младите во креирањето на сите важни младински политики во државата, посебно на оние кои се однесуваат на подобрување на условите за живот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Томовски: Ќе градиме нов саем со хали, хотел и спортски терени

Возачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

Министерство за култура: Филмот за Слаткар е поддржан поради неговата силна општествена и инклузивна димензија