Утрински Весник
Свет

(Видео) Протести во Романија против ковид сертификатите

(Видео) Протести во Романија против ковид сертификатите

Утрово во Букурешт се одржаа протести поради зелениот сертификат и мерките за борба против Ковид-19 кои беа воведени во земјата поради пандемијата на коронавирус.

На протестите се собраа поддржувачи на партијата „Алијанса за единство на Романците“.

Според претседателот на партијата, Џорџ Симион, сертификатот за ковид е неефикасен и неуставен, а протестот е организиран за да се каже „не“ на мерките за кои сметаат дека не ги решаваат постоечките проблеми, пренесуваат агенциите.

Протестот го надгледуваат полициски екипи.

Можете да прочитате

Силни експлозии во познато руско одморалиште

Трамп: Да не сме ние, Иран ќе го уништи Израел, а потоа ќе се упати кон Западот

Рубио: САД и Украина преговараат за производство на ракети за системот „Патриот“