Утрински Весник
Македонија

(Видео) Поцкова: Филипче прво сакаше европско-американски вакцини, па се одлучи за кинески, ама уште нема никакви

(Видео) Поцкова: Филипче прво сакаше европско-американски вакцини, па се одлучи за кинески, ама уште нема никакви

Филипче прво сакаше европско-американски вакцини, па се одлучи за кинески, ама уште нема никакви, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова.

„Додека сите држави се во трка за вакцина повеќе, последно од министерот за здравство, Венко Филипче е дека е набавена како што вели „најсофистицираната терапија на антитела за КОВИД пациенти“. Ама според министерот за здравство на време и доволно има и ивермектин, па пациентите се жалат дека го нема или едвај се наоѓа молејќи познати. Чекајќи ги вакцините, последно министерот за здравство Филипче се најде пред вратата на Кинезите“, рече таа.

А, самиот тој, додаде Поцкова, пред две недели јасно кажа дека одлуката паднала да се даде приоритет на вакцините од Европска медицинска агенција и американската Агенција за лекови.

„Но, оваа изјава кратко траеше, па така по една недела тој се најде пред вратата на Кинезите и одеднаш одлучи дека и оваа вакцина има сосема соодветни документи, или сертификати. Тој рече дека „сите производители на вакцини ги имаат сертификатите од своите матични земји и оваа исто така нема никаква административна пречка, ниту сомнеж за квалитетот“. Со каква леснотија министерот Филипче ги менува изјавите. Прво вели ги преферираме овие, ама потоа вели и за другите нема никаква административна пречка, ниту сомнеж во квалитетот“, рече Поцкова.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје