Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петровска негира дека ставила потпис на решение за мали хидроелектрани

(Видео) Петровска негира дека ставила потпис на решение за мали хидроелектрани
300x250 (7)

Ана Петровска, кандидатката за градоначалник на Скопје, денеска повторно негираше дека ставила потпис на решение за мали хидроелектрани, обвинување со кое се нарушува нејзиниот имиџ на заштитник на околината и животната средина. Петровска кажа и дека нема никаква врска со проектот за гасоводот на Водно, додека беше државен секретар.

„Вчера беше покажано едно пропратно писмо кое што државен секретар по службена дожност го испраќа до Влада, односно со информација на Влада. Значи јас не сум ставила потпис на ниту еден документ со кој што е дадена дозвола или било какво решение за изградба на мали хидроелектрани. Што се однесува до гасовод, јас немам никаква допирна точка со гасоводот. Тој проект го водеше, во тој период додека јас бев државен секретар, господинот Јани Макрадули“, изјави кандидатката за градоначалник Ана Петровска.

300x250 (7)

Наспроти ова, дел од медиумите објавија дека дека Ана Петровска е наведена како прв соработник и „експерт за оцена на влијанието на проектите врз животната средина“ на студијата за гасоводот „Скопје – Гостивар – Кичево“ што поминува низ Водно.

Нарачател на студијата, како што беше објавено е Министерството за транспорт и врски, кога министер беше Миле Јанакиески, додека изработувач е „Технолаб“ од Скопје. Како потписници се наброени повеќе експерти од полето на заштита на животната средина.

Токму оваа студија зелените активисти ја прогласија за спорна, зашто не го обработила детално влијанието на трасата низ заштитената Парк-шума Водно, се наведува во објавата.

Екологистите бараа алтернативна траса за гасоводот во 2018 година односно да не поминува во делот на заштитеното подрачје Парк-шума Водно.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: ДПМНЕ нуди етнички тензии и изолација, СДСМ нуди пат кон ЕУ

Мицкоски ги повика и членовите на СДСМ за национално обединување

Ковачевски: Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена и подобрување на состојбите во Македонија